ПЕНДАРОВСКИ НЕМА НИШТО ПРОТИВ СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД НАШИОТ ПРАВОСУДЕН СИСТЕМ
На одбележувањето на Денот на рударите во рудникот Саса, претседателот Стево Пендаровски беше прашан за идејата на Алијанса на Албанците за специјален јавен обвинител странец, јавува Канал 77.
„Ако се сеќавате во 2006 година имаше една таква идеја за државен јавен обвинител странец. Толкувањето на правниците во тоа време беше дека тоа не е можно. Во принцип никогаш не сум имал проблем со вмешувањето на странците ако се компетенти и стручни во која било област. Конечно гледаме дека има само позитивно влијание од вмешувањето на странските политичари, ЕУ, НАТО, пријателски држави. Не знам дали е тоа можно, принципиелно говорејќи би сакал да видам вклученост на стрнаски стручни лица во поддршка на нашиот правосуден систе“, изјави Пендаровски.

