Заев: Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот

/

Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање, вели премиерот Зоран Заев три години по потпишувањето на Преспанскиот договор со кој беше решен спорот со Грција.

-На 17 јуни 2018 година во еден од најубавите предели на Европа, на тромеѓето на Преспанските Езера беше потпишан историскиот Преспански договор. Со Договорот од Преспа, се реши речиси тридеценискиот спор со Грција кој имаше сериозни негативни билатерални, регионални и мултилатерални импликации и кој светот го препознаваше како тежок и нерешлив проблем, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

На потпишувањето на овој историски договор, нагласува, му претходеше процес низ кој се негуваше и градеше пријателство меѓу двете земји што беше еднакво важно како и решението кон кое се стремевме.

– Со тогашниот премиер Ципрас си рековме дека нема да го ставиме процесот во кутијата на црвените линии. Така прават пријателите, насочени кон решение, кон компромис. И дојдовме до решение. Тогаш кога сите тврдеа дека тоа е – невозможно! Ставивме крај на еден спор. Ставивме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите. Ние, јас и премиерот Ципрас, министрите за надворешни работи Коѕијас и Димитров, членовите на нашите влади, заедно со нашите соработници и со поддршката на Обединетите Нации, на Европската Унија и со поддршката и на нашите заеднички стратешки пријатели, бевме одлучни дека ќе дојдеме до решение. По достоинствено и прифатливо решение за двете страни, нагласува премиерот.

Денес, додава, имаме само придонеси од решената разлика.

-Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција и придонесовме да зајакне регионална стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан, пишува Заев.



Според него, Спогодбата од Преспа, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрзала нашето интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за наша интеграција во ЕУ.

Република Северна Македонија, нагласува тој, стана 30-та полноправна членка на НАТО и на 14 јуни оваа година, запиша уште една значајна страница во својата современа историја – рамо до рамо со своите сојузници учествуваше во креирање на стратегиите на алијансата за претстојната декада, НАТО 2030.

-Светот и меѓународната заедница оддадоа признание дека спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но, дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање, вели Заев додавајќи дека Договорот од Преспа останува да порачува дека како лидери на своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите.

Претходна статија

(Видео) Изјава на премиерот Заев и премиерот на Р. Бугарија Јанев после заедничката средба

Следна статија

(Во живо) Средба на Румен Радев и Зоран Заев

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување