Ќе нема расправа за Талат Џафери, бидејќи мнозинството го отфрли дневниот ред
„Вие што сте на плата и уште си е.авате мајката“, „Бегај бе таму, сус“, се дел од трансперентите кои пратениците на ВМРО ДПМНЕ ги држеа пред себе на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која почна расправата по пријава од опозицијата дека претседателот на Собранието го прекршил Етичкиот кодекс и ги навредил службениците, пренесува Слободен печат.
Џафери не дојде на комисиската расправа што се води за него. Тој е поканет на седницата, но нема обврска да присуствува.
Ова е првпат Комисијата да расправа за прекршување на Етичкиот кодекс од страна на пратеник и тоа од претседателот на Собранието.
Опозицијата достави пријава за тешка повреда на етичкиот кодекс.