ПЛЕНКОВИЌ НАЈАВИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ВО ХРВАТСКА
Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, изјави дека ја добил поддршката на членовите на Претседателството и на Националниот совет на партијата за да направи реконструкција на Владата.
„Добив поддршка од членовите на Претседателството и на Националниот совет согласно мојата проценка да преземам сè што е потребно за освежување во Владата, еден вид реконструкција со цел амбициозно остварување на сите цели на програмата, квалитетно да се подготвиме за претседавањето со ЕУ, партијата да се консолидира и да се подготви за претседателските избори, да ѝ дадеме цврста поддршка на Колинда Грабар-Китаровиќ”, рече Пленковиќ по состанокот на Претседателството и на Националниот совет на ХДЗ.
Извор: Макфакс