Одбележуваме 83 години од смртта на на Христо Силјанов- војводата и хроничарот на борбите за ослободување на Бугарите во Македонија и Одринско

//

Пишува: Менде Петровски

На денешен ден пред 83 години во Софија умира Христо Силјанов, роден 1880 г. во Цариград (од охридски род), револуционер и виден деец на ВМОРО, писател, историограф, мемоарист, депутат, близок соработник на Гоце Делчев, Даме Груев и др. Учителствувал во Лерин и Прилеп, а после тоа учествувал во Илинденско-Преображенското востание. Завршил историски науки, а потоа специјализирал во Швајцарија. За време на Балканските војни е војвода на чета на Македоно-одринското ополчение. После Првата светска војна бил уредник и потпретседател на Македонскиот научен институт во Софија.

“Испреплетена со своите подвизи и со својата крв великата илинденска епопеја, која го прослави во целиот свет, после жестокото задушување на востанието Блгаринот во Македонија беше подвргнат на прогонства нечуени по својата жестокост. Од 1904 год. потоа Срби и Грци во сојуз со Турци со сите свои сили се нафрлија врз востаналиот роб со намера да го сломат конечно, да го кутнат мртов на земјата и врз неговиот гроб да го заиграт своето јудино оро.Верата, восхитот и самопожртвуваноста, меѓутоа ја создадоа од македонскиот Блгарин гранитната карпа, која опстоја на сите тешкотии и од која се разбија сите напади кои идеа од север и од југ и Блгарскот дух се наложи и опстоја до крај и покрај сите тешкотии и жртви: Илинденскиот подвиг е не само највишата пројава на боречкото напрегање во Македонија – тој е изкупителниот долг на целиот стремеж на Блгаринот кон слобода, пројавуван на секои 3-4 десетлетија во периодот на неговото робство од разни краишта на поробената земја…“ пишува Силјанов во ОСЛОБОДИТЕЛНИТЕ БОРБИ НА МАКЕДОНИЈА.





Претходна статија

Маричиќ: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ закони, тоа се промени во функционирањето на институциите

Следна статија

Пендаровски: Војната во Украина донесе енергетска криза и безбедносни предизвици

Најново од Вести