(Видео) Срамно однесување на македонските навивачи: Со свирежи и навреди ја пречекаа бугарската химна на Националната арена „Тодор Проески“
Бугарската химна беше дочекана со свирежи од страна на македонските навивачи на Националната арена „Тодор Проески“ пред почетокот на мечот од Лигата на нациите меѓу РС Македонија и Бугарија. Бугарскиот спортски портал „Спортал“ објави дека од трибините се слушаат навредливи извици „Бугари-татари“, „бугарски пи*ки“ и „Цигани“.
Потсетуваме дека првиот меч меѓу РС Македонија и Бугарија, се одигра во бугарскиот град Разград, токму за да се избегнат немили настани и можни провокации, доколку истиот се одиграше во Софија. За разлика од Бугарскиот фудбалски сојуз, ФФМ не виде проблем во тоа натпреварот меѓу двете селекции да се одигра во Скопје.