Митрев: Зборовите на “Мила Родино” беа посилни од сите свирежи синоќа

//

Зборовите на “Мила Родино” беа посилни од сите свирежи синоќа. Покажавме примитивизам и во какво нездраво општество ги растиме нашите деца. Лечење на фрустрации наместо навивање. Oва на социјалната мрежа Facebook го напиша Добре Митрев, претседател на Здружението за македонско-бугарско пријателство Скопје.

Митрев реагира на недоличното и срамно однесување на публиката на синоќешниот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија, која со свирежи ја проследи интонацијата на бугарската химна и ги навредуваше бугарските фудбалери.

„Да го навредуваш другиот, не значи дека твојот го сакаш. Тој што покушаваше да се тепа, прво нека научи да ја пее македонската химна. Има една песна “дал да плачам или пеам” македонските бугари синоќа беа дел од неа, плачеа зошто изгуби Македонија- нивната земја, а пееа зошто победи Бугарија. Јас бев на стадионот и седев на трибината на македонските навивачи. Сега и којзнае кога пак. И за прв пат почуствував задоволство што моите деца растат надвор од оваа средина“, пишува Митрев.



„Синоќа требаше да се навива за фудбалот. Таму имаше се само не навивање. И како што на крајот бива, секогаш стига казната. И сите зурли свирки и тапани да беа синоќа на стадионот зборовите на “ Мила Родино” беа посилни од се. Ние ќе останеме да тонеме кон дното на кое не му се гледа крајот“, додава претседателот на МБП-Скопје Добре Митрев.



Претходна статија

(Видео) Срамно однесување на македонските навивачи: Со свирежи и навреди ја пречекаа бугарската химна на Националната арена „Тодор Проески“

Следна статија

Кога идентитетот е бетон

Најново од Вести