ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ВИРТУОЗ РИКАРДО ХУНА

Рикардо Хуна е роден на 03.07.2002 година во Скопје. На возраст од 10 години, започнал да свири на кларинет под менторство на проф. м-р Благојче Трајковски, во високото музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје. Учествувал на неколку музички фестивали, независни проекти и интердисциплинарни изведби.

Добитник е на повеќе национални и интернационални натпревари како што се:

1. Меѓународен натпревар за солисти „Охридски бисери” – Охрид, јуни 2013 – прва награда;

2. Натпревар на музички и балетски педагози на Македонија, Скопје, декември 2014 – гран-при;

3. Меѓународен натпревар за солисти „Охридски бисери” – Охрид, јуни 2015 – прва награда;

4. Државен натпревар на млади музичари во организација на „ХармониМБ” – Скопје, мај 2016 – гран-при;

5. Меѓународен натпревар за солисти „САКСЛАР” – Скопје, ноември 2017 година – прва награда;

6. Меѓународен натпревар за камерна музика – Кавадарци, ноември 2018 година – специјална награда – дуо кларинети (Рикардо Хуна, Горјан Арсовски);

7. Меѓународен натпревар за солисти „САКСЛАР” ноември 2018 – гран-при ;

8. Меѓународен натпревар за млади музичари „Охридски бисери” – Охрид, јуни 2019 – прва награда;

9. ЕMCY награда и др.

Покрај тоа, Рикардо учествуваше на мастер класите на Илијан Илиев 2013 (Бугарија), Жан Мишел Бертели 2019 (Франција), Петар Танески 2018 (Македонија) и Едвард Сарафин 2019 (Бугарија). Во моментов зема часови со својот татко Себастијан Хуна и неговиот ментор проф. м-р Благојче Трајковски.



Слични Објави