(ВИДЕО) БЕЛОРУСКИ ДЕМОНСТРАНТКИ ИМ ГИ СИМНУВАА МАСКИТЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ
Белорусите не престанаа да протестираат против победата на долгогодишниот претседател Александар Лукашенко, за кого тврдат дека уште еднаш ја лажирал својата победа, повеќе од еден месец по претседателските избори.
Ова е петти викенд по ред како Белорусите протестираат масовно, и покрај бруталната полициска и воена репресија и киднапирањата и протерувањето на опозициските лидери од земјата. Полицијата вчера уапси и повеќе од 400 лица.
Важна улога на протестите во Белорусија имаат жените, кои организираа посебен „Марш на жените“. Снимките на кои жените се спротивставуваат на маскираните полицајци кои се обидуваат да ги растераат или да ги приведат, кружат низ социјалните мрежи последниве денови.
Демонстрантките на овие снимки ги симнуваат маските од лицето на полицијата и демонстрантите, како и на непознати лица во цивилна облека, за да го откријат нивниот идентитет.
#URGENT Meanwhile brutal arrests of women in #Minsk #Belarus continue, we can once again see the mistreatment of 73 year old #NinaBaginskaya and the riot police who are no longer scared of press attention. pic.twitter.com/BzY0zdp3ke— Belarus Free Theatre (@BFreeTheatre) September 12, 2020