| |

ПЕНДАРОВСКИ: ДА НЕ ПРОИЗВЕДУВАМЕ ЛУЃЕ СО ДИПЛОМИ, ТУКУ СО ЗНАЕЊА

„Државното и приватното образование во државава не е на европско ниво и потребни му се длабоки и суштински промени“, рече претседателот на државата по завршувањето на презентацијата на Извештајот за човековиот развој 2019-та година, изработен од УНДП, за кого рече дека е “отрезнувачки“ за оние кои се на чело на раководните институции.

„Да не приизведуваме само луѓе со дипломи, туку луѓе со знаење. Ние во моментот произведуваме многу повеќе луѓе кои имаат парче хартија дека завршиле нешто, но тие се беспомошни после излегувањето на факултет на пазарот на труд. Бидјеќи или немаат никаква вештина или имаат вештини кои не се барани во денешно време и надвор од нашите граници“, рече Пендаровски.

Според Пендаровски, патот е долг за реформи во образовниот процес, но се надева дека откако ќе се започнат преговорите со Европската унија, ќе се напредува побрзо, црпејќи ги искуствата на државите со најдобри образовни системи.

Слични Објави