СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ПРИЛЕП – ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЕДЕНО

//

На 28.02.2020 во 08,50 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Тризла“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат стило“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(35) од Прилеп и моторцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Џ.Ј.(32) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.





Претходна статија

ЈУЖНА КОРЕЈА: РЕКОРДЕН БРОЈ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО ЕДЕН ДЕН

Следна статија

ИНСПЕКТОРИТЕ НА ТЕРЕН – КАЗНИ ЗА АПТЕКИТЕ ШТО ГИ ПОКАЧИЛЕ ЦЕНИТЕ НА ЗАШТИТНИТЕ СРЕДСТВА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС

Најново од Вести