| |

ВМРО-ДПМНЕ: НИКОЛА ГРУЕВСКИ Е ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН

Партиското „Кацарска судство“ и аболицираниот Зоран Заев ја уништија демократијата и правдата во Република Македонија. Криминалниот картел на власт преку партиското „Кацарска судство“ спроведува политички прогон во монтирани случаи против сите неистомисленици на Зоран Заев, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Партиското и клиентелистичко „Кацарска судство“ без никакви докази и правни аргументи носи неиздржани пресуди кои се диктирани од единствениот аболициран политичар во Европа Зоран Заев.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер, Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон кој го спроведува криминалната власт против секој кој им се спротивставува во распродажбата на државните и националните интереси.

„Кацарска судството“ го осуди Никола Груевски во политички монтиран процес без никакви докази во случај во кој што нема ништо спорно.

Целиот случај е правен преседан бидејќи набавката на автомобилот е спроведена преку јавен тендер, а после изборот на компанијата која ќе го набави, немаше никакви забелешки. Не е остварена противправна имотна корист, не е нанесена штета, а автомобилот останува на Република Македонија.

Сето ова е политичка хајка против опозицијата и има цел на секаков можен начин да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, за аболицираниот криминалец Зоран Заев да има слободен и чист терен додека ја ограбува државата и продава се што е македонско.

Зоран Заев преку партиското судство испраќа порака до сите политички неистомисленици дека никој не смее да му застане на патот во ограбувањето на државата и спроведувањето на капитулантскиот договор со кој го менува името и се откажува од идентитетот, јазикот, традицијата, историјата и културата на Република Македонија.

Додека аболицираниот Заев зад затворени врати ја спроведува капитулацијата на Македонија, истовремено државата се повеќе тоне. Економијата е на дното, граѓаните се повеќе посиромашни, а од животот кој беше ветуван добивме само беда.

Македонија повеќе не смее да биде заробена држава и заложник на аболициран криминалец. Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата и продажбата на државните и национални интереси. Заев и СДСМ ќе ги стигне казната од граѓаните за целото зло кое и го нанесуваат на Македонија. На крајот граѓаните и Македонија ќе победат, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

 



Слични Објави