| |

МИЦКОСКИ СО ВОКАБУЛАРОТ НА ГРУЕВСКИ: НА ВЛАСТА ЌЕ И СЕ СЛУЧИ НАРОД

Мицкоски во интервјуто за Курир нагласува дека судството во државата е задушено со политика, обвинителството со притисоци, се менува името на државата, а криминалот цвета. Власта неспособна да го реши загадениот воздух започна да го дели народот на посиромашни и богати. На прашањето за даночната реформа со која се најавија зголемувања на даноците Мицкоски вели:

„Знаете има катастрофална лоша економска слика, има криминал кој цвета, се краде на ангро, Владата прави криминални иновации, крвави тендери кои завршуваат во приватни џебови и се тоа тоа треба да се плати, и тие сакаат да го наплатат од џебот на граѓаните. Мицкоски е дециден дека народот ќе ја нокаутира сегашната власт на следните избори.



Слични Објави