| |

МАКЕДОНИЈА ГО ПОЧНУВА ПОДГОТВИТЕЛНИОТ СКРИНИНГ ЗА ПОГЛАВЈЕТО 24

Македонија денеска го започнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24 насловен „Правда, слобода и безбедност“. Македонската делегација во Брисел ја предводи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач  и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ. Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, за време на посетата, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан



Слични Објави