|

Заев: Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на народот

Демократијата значи и одговорност. Со мојата оставка, преземам одговорност и оставам пример за граѓанската должност на идните лидери, но и давам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на државата, наведе премиерот во оставка Зоран Заев во објава на Фејсбук, информирајќи дека денеска ја поднел оставката од функцијата до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

– Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години, наведе Заев во објавата.

Тој потенцира дека сакам да им се заблагодари на пратениците во Собранието, овој и претходниот состав, на членовите на двата состави на Владата за време на неговите мандати и на граѓаните на нашата држава.

– Посакувам благосостојба и просперитет на сите наши граѓани, на сите заедници, на целиот наш народ, додава во објавата на неговиот фејсбук-профил. 



Слични Објави