ПЕТАР КОЛЕВ: ФАЌАЈТЕ СЕ ЗА РАБОТA, СТАНУВА ЗБОР ЗА ЖИВОТОТ НА НАШИТЕ ДЕЦА!

Вести Истакнато Македонија

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев, на својата официјална Facebook страна, изрази жалење за немилиот настан со ученикот од Штип и даде предлог како би можело да се реши проблемот за зголемување на безбедноста на пешаците. Текстот ви го пренесуваме интегрално:

„Со огромно жалење разбрав за инцидентот кој се случил во мојот роден град Штип, кога шофер со својот автомобил удрил ученик на пешачки премин кој го поминувал булеварот, пред средното училиште Коле Нехтенин.
Жал ми е што откако ќе настане таква несреќа тогаш почнуваме да размислуваме што се случило, како да спречиме такви немили настани и зошто стигнавме до овде нашите деца да бидат небезбедни.
Мораме да мислиме повеќе превентивно т.е да се обидеме како општество да преземеме мерки пред да се случи нешто, да работиме повеќе на превенција а не како до сега на санација на веќе настанати последици.
Испраќам најискрен апел до локалната самоуправа да погледне некои европски модели за решавање на овој проблем со несовесните возачи кои возат пребрзо.
Им го предлагам моделот кој е имплементиран и во нашето соседство- подигнати пешачки премини. Тие играат улога на пешачки премини, но истовремено со тоа и широки легнати полицајци.
Овој модел го има преземено и Куманово и резултатите од него се одлични.
Нема потреба од критики, кавги и полемики. Фаќајте се за работа и да го решиме проблемот. Станува збор за здравјето и животот на нашите деца!“

This slideshow requires JavaScript.