ЗА ПРВ ПАТ 60 ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРАНО ЌЕ ПРЕТСТАВАТ СВОИ УМЕТНИЧКИ ТРУДОВИ ВО ШВЕДСКА

Ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски-Љубац отворија самостојни изложби под наслов “Идентитет” и “Релации” на 6 Ноември во Домот на Културата “25 Мај” во Валандово. Изложбата беше посетена од голем број на љубители на уметност и представници на општината. Уметниците беа интервјуирани од радио Валандово и дочекани од граѓаните со огромно гостопримство. Изложбата која е подржана од Министерството за култура и домот на културата “25 Мај” ке трае се до крајот на Ноември. Нашите пријатели Гордана и Игор ни најавиа дека на 29 Ноември во Малме, Шведска за првпат ќе се промотира македонската ликовна сцена со уметнички дела на 60 автори.

“Идеата со групната изложба “Живот” има повеќе цели, прво да се афирмира дел од македонската ликовна сцена а потоа да се стави акцент врз желбата за комуникација со други европски култури и искуства од сферата на визуалните уметности и пошироко. Во Шведска сум веке 28 години и можам да кажам дека креативноста на уметниците многу ќе им се допадне на скандинавците воопшто. Има и голем број на македонци во Малме кои со нестрпление го очекуваат настанот и со задоволство ке го подржат на различни начини. Други подржатели на проектот се Град Скопје, Сафет Камбери директор на Ј.У. Дом на Културата “Кочо Рацин Скопје”, Лилјана Стоилковска Андовска председател на женскиот актив од “КСД Македонија” во Малме и Федерацијата за Едукација од Шведска – “Студиефорбундет”, Атанасиос Пациас раководител на единица од културната администрација на Град Малме. Делата кои ке бидат прикажани разнородни се по техника и нарација. Стилската разнообразност во делата ја артикулира слободата на изразувањето. Визуалните уметности ја имаат таа утилитарна улога во општествата, да ги осознаваат и интегрираат различностите” -изјави Гордана Винчиќ

“Ова е мој втор настап во Шведска и се надевам дека изложбата ќе биде посетена” изјави Игор Љубовчевски.