„Цар Борис III“ од Охрид: Ние не сме неонацистичко здружение, ги почитуваме Уставот и законите на Македонија, која е и наша земја

//

Здружението Цар Борис III од Охрид испрати соопштение до јавноста во кое што ги демантира наводите дека истото е со неонацистички идеали и има соработка со антисемитски движења. Од здружението велат дека Македонија е и нивна држава и ги почитуваат Уставот и законите на земјата.

„Во врска со ширењето на невистини за нашето здружение ја информираме јавноста дека: Се оградуваме од тврдењата дека сме неонацистичко здружение,немаме никаква соработка или било какви намери со антисемитски движења. Со голема почит кон еврејскиот народ и жал за работите кои се случувале во минатото,заедно да чекориме во иднината на нашата татковина Македонија кон европските вредности со почит и разбирање.



Нашето здружение е формирано за зачувување и негување на бугарската култура со почит кон ликот и делото на Цар Борис III Обединител . Македонија е исто и наша држава во која го почитуваме уставот и законите . Проблемите нека ги решаваат политичарите од двете страни,историчарите-историјата. Ние сме едни обични граѓани кој не сакаме и замолуваме да не бидеме злоупотребувани за партиски цели и поени.Во прилог ви ја прикажуваме подигнатата спомен плоча во Тел Авив посветена на Цар Борис III и Царица Јоана . Никаде во светот не го пишува и не е осуден Цар Борис III за фашист или нацист.Тој бил еден родољуб кој се нашол во погрешно време“, стои во соопштението до јавноста на Здружението Цар Борис III од Охрид .



Претходна статија

МЗ: На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници

Следна статија

Бугарската агенција за патишта објави јавен налог за изградба на автопат кон Северна Македонија

Најново од Вести