Бугарската агенција за патишта објави јавен налог за изградба на автопат кон Северна Македонија

//

Бугарската агенција „Патна инфраструктура“ пушти јавен налог за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцелирање и за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница“. Трасата ќе обезбеди удобна врска помеѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по кој минува автопатот „Струма“ и границата со Република Северна Македонија. Се очекува автопатот да биде долг околу 62 километри.

Изградбата на новиот автопат магистрален габарит, ќе дуплира дел од републичките патишта I-6 Ѓуешево – Ќустендил и II-62 Ќустендил – Дупница и ќе обезбеди брз, удобен и безбеден транспорт на луѓе и стока, како и директно поврзување со град Дупница со АМ „Струма“ и целата инфрастуктурна мрежа.

Проценетата вредност за реализација на договорот за јавен проект е 3,1 милиони лева без ДДВ, а средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на бугарската агенција АПИ. Терминот за изработка на проектот е 150 календарски дена од датумот на склучување на договорот и го вклучува само времето на проектирање.



Кандидатите можат да ги поднесат понуди до 15 септември 2022 година.

Претходна статија

„Цар Борис III“ од Охрид: Ние не сме неонацистичко здружение, ги почитуваме Уставот и законите на Македонија, која е и наша земја

Следна статија

Кај Железничката станицата Зелениково пронајден човечки труп

Најново од Вести