| |

Туристи од Ќустендил одбија патување до Северна Македонија заради односот кон Бугарите во земјата

Туристичкото друштво „Осогово“ од Ќустендил откажало патување до Скопје заради ситуацијата во земјата и односот кон Бугарите овде. Ова за БНР го соопштиле луѓе, кои се запишале за планираното патување.

Претседателот на друштвото Христо Абаџиев ја потврдил информацијата, велејќи дека на еден дел од групата им се вратени парите, а друг дел е однесен во посета на Кремиковскиот манастир и на познати места во околината на Софија.

Екскурзијата на друштвото била откажана пред неколку дена по коментарите дека имало случаи на фрлање камења врз автобуси со бугарски туристи во Северна Македонија. Според проширените гласини патувањето до Крива Паланка не би било проблем, но понатаму биле можни вакви инциденти.

Нема официјални информации за таков однос кон бугарските туристи, велат бугарски туристички оператори, меѓутоа граѓани на Ќустендил кои имаат роднини, пријатели, роднини во Северна Македонија велат дека односот кон Бугарите со двојно државјанство, благо кажано не е добар.

Слични Објави