|

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС СЕ ЗАПАЛИ ВО ЦРНА ГОРА НА ПАТ ЗА СПЛИТ

Македонски автобус на компанијата „Хафет Турс“ се запали во близината на црногороското летувалиште Петровац, јавува Ohridnews, а пренесува ТВ21. Автобусот се обраќал на релација Скопје – Сплит, кога во 3 утрово се запалил во возење.

Сите патници навреме го напуштиле автобусот, а биле спасени и речиси сите торби, соопштил еден од патниците.

Набрзо стигнала и противпожарна екипа, и пожарот бил локализиран.

Патниците со друг автобус го продолжиле патувањето кон Сплит.

Слични Објави