ЈАНЕВА: НЕМАВМЕ ПРИЧИНА ДА ПОБАРАМЕ ПРИТВОР ЗА ГРУЕВСКИ

Вести Истакнато Македонија

Главната обвинителка на СЈО Катица Јанева во емисијата „Отворено студио“ изјави дека немале причина да побараат притвор за Никола Груевски. Таа истакна дека Груевски редовно се јавувал на судските рочишта, одел на работа во парламентот и се однесувал најнормално. Јанева истакна дека очекува Груевски да биде екстрадиран по распишувањето на меѓународната потерница. Таа додаде дека во моментот нема потреба од префрлување на вина. Шефицата на СЈО рече дека очекува на Груевски да му се суди во отсуство.