| |

Е-РЕПУБЛИКА АМАНДМАН

Таа навидум е држава како и секоја друга, има институции, сопствен парламент, влада, претседател на ова, претседател на она, има и сопствена академија на науките и уметностите. Но, нејзините граници иако се виртуелни, таа има и Интегрирано гранично обезбедување кое со сите нишани како да станува збор за нормална држава, постои во виртуелното министерство за внатрешни работи и Секторот за гранични работи и миграции како посебен организационен облик во составот на Бирото за Јавна Безбедност
За разлика од останатите нормални држави, е-Републиката има легални и нелегални гранични премини, за кои е надлежен веке спомнатиот Сектор. Преку првите премини влегуваат и излегуваат обичните луѓе кои неретко се изложени на непријатности предизвикани од високопрофесионалните полициски и царински службеници. Вторите пак ги користат помалку обични патници кои не се изложени на посебни непријатности затоа што се под заштита на Секторот- исклучок од ова е аеродромот во близина на главниот град на е-Републиката, него го користат и едниот и другиот тип на патници.
е-Републиката е сериозен и долгоречен “државотворен” проект. Вообичаените фрази – правна држава, владеење на правото, криминалот не се исплатува и сл. во вируелната реалност имаат сосема поинаква конотација. Секојдневието е повеќе како излезено од перото на Џонатан Свифт, отколку како досадна, обична реалност на која за жал се осудени луѓето во другите држави.
И така, додека експертите дебатираат, преписките патуваат, на Телевизија водителката најавува – Дали Орбан го спасува Груевски? За ова и другите прашања, останете по рекламите! – Не заебавај!

Автор: Ѓорѓи Трендафилов претседавач со Националниот Комитет на ГДУ

Слични Објави