| |

Над 150 издавачи со повеќе од 100.000 наслови на годинашниот Софиски меѓународен саем на книгата

Над 150 издавачи претставуваат повеќе од 100.000 наслови на годинешниот Софиски меѓународен саем на книгата, познат и како „зимски“, организиран од Асоцијацијата „Бугарска книга“.

Саемот традиционално се одржува во мермерното фоаје на Националниот дворец на културата, каде што посетителите можат да учествуваат и во богата културна програма – промоции, дискусии и средби со бугарски и меѓународни автори.

Книжевниот настан ќе биде отворен до утре 14 декември, недела. Жителите на Софија и гостите на градот треба да побрзаат и да го посетат, бидејќи вреден Божикен подарок може да биде и една добра книга.

Слични Објави