|

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА АРЕТА ФРЕНКЛИН

Вчера кралицата на соул музиката Арета Френклин почина на 76-годишна возраст, пренесе The Independent.

Пред неколку дена беше објавено дека таа е во тешка здравствена состојба и е примена во болница во Детроит.

За последен пат Френклин настапи на сцена во ноември 2017 година. Таа планираше официјално да се пензионира и да престане со концертите догодина.

Арета Френклин е родена во 1942 година. Првично пеела во Евангелистичка црква, каде што нејзиниот татко бил свештеник. Нејзината музичка кариера започнува во 60-тите години на минатиот век.

Сметана е за една од најголемите пејачки на нашата сегашност, а меѓу нејзините хитови се песните како „Spanish harlem”, „I say a little prayer” и „You make me feel like a natural woman”.

Во 1987 година станува првата жена вклучена во Рокенрол салата на славните. Продадени се 75 милиони албуми по целиот свет и освоила 18 награди „Греми”.

Арета Френклин има два брака и четворица синови. Првото дете го раѓа на 12-годишна возраст.

Слични Објави