ВМРО-ДПМНЕ: СТЕРИЛНИТЕ СООПШТЕНИЈА НА СДСМ НЕМА ДА ГО ДЕФОКУСИРААТ ШТЕТНИОТ ДОГОВОР СО ГРЦИЈА

Вести Истакнато Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ сака да ја дефокусира јавноста од штетниот договор кој Зоран Заев и го донесе на Македонија. И тоа не може да го покрие ниту едно од стерилните соопштенија на СДСМ кои продолжуваат да се пуштаат секое утро од Центарот на СДСМ. Преку овие соопштенија нема да се прикријат лагите и криминалите на Заев и СДСМ.

Низата од скандали на злоупотреба на службени возила од страна на оваа криминална власт нема да ги прикријат од народот, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Криминални тендери, злоупотреби и хедонизам се синоним за оваа власт.

СДСМ Република Македонија не ја носи во ЕУ и НАТО, туку на македонските граѓани донесе штетен договор со кој ги продадоа националните и државните интереси.

Единствената пречка за напредок на Република Македонија е Зоран Заев.

Сите прекршувања на Уставот, законот, и за сите злоупотреби на власта ќе одговараат и понесат одговорност. Зоран Заев мора да си замине. Народот и Република Македонија ќе победи.