| |

Сатовча влезе во Гинис: Општината со најмногу јавни чешми во светот

Општина Сатовча официјално е признаена од Гинисовата книга на рекорди како територија со најголем број јавни чешми, соопшти локалното раководство, јавува Актуално.

Градоначалникот Арбен Мименов изјави дека процесот на потврдување траел повеќе од седум години, вклучувајќи теренски проверки од претставници на Гинис, кои посетиле случајно избрани чешми за да се уверат дека се функционални и јавно достапни.

„Предходно сите чешми беа внесени со GPS координати и потоа на случаен принцип се избираа – 108-та чешма, 300-тата, 9-тата… Претставниците беа исклучително импресионирани и од природата, и од гостопримството, и од односот на луѓето“, изјави Мименов за NOVA.

Тој нагласи дека признанието е важно не само како национална гордост, туку и како шанса за економски и туристички развој:
„Се надевам дека ова светско признание ќе има позитивно влијание врз туризмот и имиџот на нашата општина“, рече Мименов.

Со ова признание, Сатовча ги собира плодовите на долгогодишната иницијатива на граѓаните, општинските власти и бројни дарители, кои со години изградиле десетици јавни чешми – симбол на гостопримство, солидарност и заедништво.

Слични Објави