Изложба во Софија ја претставува историјата на бугарската фотографија од 20 век
Софиската градска уметничка галерија подготвува изложба со наслов „Повеќе од една фотографија. Историја на бугарската фотографија во 20 век“, која ќе биде претставена пред скопската публика од 9 декември 2025 до 9 март 2026 година, јавува БНР.
Целта на изложбата не е само да ја прикаже еволуцијата на бугарската фотографија од 1900 до 2000 година, туку и да ги пренесе гостите од раните студиски портрети и хроники на модерноста до авторската фотографија од крајот на векот.
Во неа се вклучени повеќе од 300 фотографии од над 100 бугарски автори, кои ја градат живата историја на фотографијата како уметност, сведоштво и личен расказ. Изложбата го става фокусот на автори и дела со значаен придонес во оформувањето на фотографската естетика во Бугарија.

