Педесет и осумгодишниот капетан на Боинг 373, Раде Ивановски од Штип денеска свечено го отвори хангарот за авионите и го најави отворањето на приватната школа за професионални пилоти, јавува 24инфо.
Објектот и авионите се наоѓаат на спортскиот аеродром Сушево, од каде, како што вели Ивановски почнала и неговата љубов кон летањето. Професионалниот пилот, кој работи за авиокомпанија во егзотичната Руанда вели дека својот капитал го инвестира овде, со цел да заживее повторно воздухоплоството, но и земјава да има подмладок, којшто речиси и да го нема.
„Во Штип веќе имаме школа за спортски пилоти, но овде ќе имаме надградба. Сакаме да направиме нешто повеќе од она што е спортски пилот, бидејќи кога ќе се земе професионална дозвола веќе има можност да се работи и во комерцијални цели, без разлика дали во земјоделска авиjaција или пак во авиокомпанија или во полиција“, вели Ивановски.