| |

Г-НЕ МИЦКОСКИ, НЕМОЈТЕ ДА КОРИСТИТЕ ИЗВОРИ ОД „БИБЛИОТЕКА СТРУМСКИ“-ТОА Е СТАР „БУГАРАШКИ“ ПРОЕКТ

Почитуваниот претседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ, г-нот Христијан Мицкоски, денеска по повод годишнината од раѓањето на најголемиот син на поробена Македонија, Гоце Делчев, објави слика од фототипна копија на Уставот на Пловдивското македонско благотворително дружество „Гоце Делчев“ од 1923 година:

Се разбира г-нот Мицкоски не го објавува целосниот текст на Уставот на истото тоа друштво.

Целосниот текст можете да го прочитате во Библиотека Струмски.

Во истиот нема речиси ништо „контроверзно“ за македонските историчари и толкувачи на историските факти.

Но, има едно многу интересно совпаѓање меѓу целите на Македонското друштво „Гоце Делчев“ од Пловдив и целите на Македонската емиграција во Бугарија објавени во весникот „Независима Македония“- којшто се јавува како пишан орган истата.

Целите на Друштвото „Гоце Делчев“ од Пловдив…

Еве ги и целите на Македонската емиграција во Бугарија.

Целото возвание кон бугарската македонска емиграција повторно можете да го прочитате во Библиотека Струмски. Возванието е објавено на 21 февруари 1923 г. во Софија. Истата година во која е објавен и Уставот на друштвото во Пловдив.

Во истото Возвание за жал, има еден пасус што би бил определен како контроверзен од страна на македонските историчари и толкувачи на историските факти:

Ем Македонци, ем македонски Бугари…

Во врска со тоа мораме да ги поставиме следните прашања до г-нот Мицкоски, бидејќи тој се повикува на Устав на друштво што има речиси идентични цели како целите на македонската емиграција во Бугарија како што видовме од објавените принт-скринови.

Г-не Мицкоски, зошто не го објавивте целосниот текст на Уставот?

Дали според Вас Друштвото од Пловдив е дел од Македонската емиграција во Бугарија, којашто под Македонци разбира македонски Бугари и сите други народности кои живеат на територијата на географска Македонија?

Ако не е дел од тој сојуз, таа емиграција и покрај истите цели, што ги презентиравме со принт-скринови и директни линкови, од што е дел истото друштво?

Ве молиме да ни презентирате целосен материјал преку кој ќе го докажете Вашиот обид да покажете дека во 1923 г. македонските емигранти во друштвото „Гоце Делчев“ од Пловдив, не биле македонски Бугари.

Ќе Ви бидеме благодарни!

PS: Најпријателски совет од нас како пробугарски портал како што не дефинираат порталите што повеќе од јавно ви симпатизираат:

Немојте да ја користите Библиотека Струмски како извор за Вашите патриотски писанија… овој прекрасен проект е стара „бугарашка“ направија.

Слични Објави