|

ЗА ВЛЕЗ ВО СЛОВЕНИЈА ВЕЌЕ НЕ ВАЖАТ PCR ТЕСТОВИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Според одлуката на словенечката влада, од денеска веќе не е можно да се влезе во таа земја со направен негативен ПЦР тест во институции во земји кои не се членки на ЕУ, односно на шенген зоната, соопштено е на веб-страницата на Амбасадата на Словенија во Белград, пренесува Makpress.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, за влез во Словенија веќе не важат ПЦР тестовите од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Како што е наведено, почнувајќи од 25 декември, влез во Словенија без одење во карантин можен е само со негативен ПЦР тест од ЕУ, односно од шенген зоната, не постар од 24 часа.

Слични Објави