К. СИНАДИНОВСКА: МАКЕДОНСКИ ПОШТИ Е ДРЖАВНО ДУВЛО ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА
„Прочитав дека Македонски пошти објавиле оглас за нови 80 вработени.
Ова државно дувло за партиски вработувања има над 2200 вкупно вработени со што е меѓу најголемите компании во земјава.
Има монополска позиција што е надвор од сите европски препораки, а Владата упорно го штити монополот дозволувајќи му на ДУИ да контролира милионски пазар.
Да се потсетиме што сме објавиле за либерализацијата на пазарот за поштенски услуги.
И да, тогаш колеги ни викаа: “ех, што е битна оваа тема, монополи, кој тоа следи и чита….” , напиша на својот facebook профил новинарката Катерина Синадиновска.