Училиштето на д-р Врабевски и неговата сопруга д-р Росица Врабевска „Цар Симеон Велики“ ја доби првата награда за добротворност на бугарското списание Business lady
Училиштето ,,Цар Симеон Велики” на д-р Милен Врабевски и неговата сопруга Росица Врабевска ја доби наградата ,, Училиште со мисија” на списанието Business lady во категоријата за добротворност и корпоративна социјална одговорност ,, Златно срце”.
„Првото место во категоријата ,, Училиште со мисија ” ја доби ЧОУ ,,Цар Симеон Велики” заради својата долгогодишна и одржлива социјална ангажираност, дел од која се стипендиите за бесплатно образование за деца од западните Родопи и Северна Македонија.
Стипендии добиваат исто така и деца од социјално ранливи категории а ученици од училиштето се вклучуваат во голем број добротворни иницијативи во последните години“, јавуваат од фондацијата ,,Бугарска памет”.

Наградата на списанието Business lady беше врачена лично на основачите и сопственици на училиштето ,,Цар Симеон Велики” д-р Милен Врабевски и неговата сопруга д-р Росица Врабевска.

