ШПАНИЈА: ЧЕТВРТИ ИЗБОРИ ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ

Откако вчера пропаднаа новите преговори за формирање на влада меѓу левиот центар „ПСОЕ“ на премиерот Педро Санчез и малцинската лева партија „Унидас Подемос“, во Шпанија најверојатно ќе се одржат предвремени избори.

Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на изборите во април освои најголем број гласови, но не доволно за сама да формира влада. По неколку неделните преговарања со „Унидас Подемос“ во јули, не беа надминати меѓупартиските разлики, а левичарите го обвинија Санчез за поразот при гласањето во Парламентот за нова влада.

Претставници на двете партии минатата недела повторно се сретнаа, но преговорите завршија со неуспех.

Ако Парламентот не го изгласа лидерот на социјалистите Санчез за премиер до 23 септември ќе се организираат нови избори на 10 ноември.