До 2030 година Бугарија и Северна Македонија ќе ја завршат железничката врска меѓу двете држави
До 2030 година Бугарија и Република Северна Македонија ќе ja завршат изградбата на железничката врска меѓу двете држави. Тоа стана јасно за време на средбата во Министерството за транспорт и врски на Бугарија меѓу министерот Корман Исмаилов и амбасадорката на Република Северна Македонија во Бугарија Н.Е. Агнеза Руси-Поповска на 4 март годинава. На средбата беше потврден заедничкиот ангажман за реализација на стратешкиот проект.
Двајцата ја поздравија ратификацијата од парламентите на Бугарија и Северна Македонија на Спогодбата за изградба на прекуграничниот железнички тунел – клучен чекор кој овозможува реално започнување на активностите. Како следна фаза претстои формирање на Заеднички комитет, раководен од заменик-министри за транспорт, кој ќе ја координира подготовката, изградбата и идната експлоатација на објектот.
Министерот Исмаилов нагласи дека бугарската страна работи со забрзано темпо на модернизацијата на железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево. Според амбасадорката Руси-Поповска, конструктивната соработка меѓу институциите на двете држави е важна предуслов за непречена реализација на проектот.
