Малата хуманитарка од Струга Андреа Костовска вчера ги посети дечињата, што се лекуваат на одделението за онкологија на Детската клиника во Скопје и дечињата од детска хирургија.
Андреа заедно со нејзината мајка Ружица, маскирани како принцезата Елза и Спајдермен ги натераа дечињата да се насмеат и израдуваат на изненадната посета.
Двете стружанки, им подарија на децата играчки, сликовници, боенки и дрвени боички, кои беа собрани претходно од хумани луѓе од Струга и Тетово по иницијатива на малата Андреа.
Ова акција немаше да стане реалност ако ја немаше поддршката на прекрасниот персонал на детската клиника и секако главната сестра г-ѓа Билјана Пецевска.
Ова е трета поголема добротворна акција на 5 и пол годишната Андреа. Претходно таа собираше пари за лечењето на Сара од Охрид и донации за болниот од церебрална парализа Стефан од Скопје.



На пат е да се роди иницијатива #БидикакоАндреа, со цел што поголем број граѓани самоиницијативно да се организираат и да им помогнат на сите кои имаат потреба од тоа.
Големо браво за Андреа и секако бидете како неа.