|

Антикорупциската комисија отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Aнонимна претставка во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) стигнала до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Претседателката на комисијата, Татјана Димитровска, рече дека претставката се однесува на наводи за незаконско именување и оформен е предмет.

Се посочува дека по обезбедени докази и изготвена документација, комисијата ќе донесе соодветна одлука за којашто ќе биде информирана и јавноста.

Владата минатата недела го разреши Зарко Милошевски од директор на АНБ, на негово место беше именуван Бојан Христовски. Тој дојде од Министерството за внатрешни работи, но реакциите во јавноста ги предизцика неговиот ангажман во ВМРО-ДПМНЕ како претседател на Градскиот комитет на партијата во Скопје.

Слични Објави