(Фотогалерија) „Ископајте си ги очите, а не златото од планините“ – порачаа демонстрантите против рудникот во Иловица
Стотици гаѓани под жешкото сонце ја блокираа крстосницата во центарот на Струмица искажувајќи го својот револт против отворање на рудник во Иловица. Со себе носеа транспаренти, свирчиња, а дел правеа бучава и со разни предмети што си ги земале од дома. Постојано извикаа „Стоп за рудници“.