МНР на Бугарија: Бугарската позиција за преговорите на РС Македонија со ЕУ не е променета
Министерството за надворешни работи на Бугарија категорично изјавува дека бугарската позиција во однос на европската интеграција на РС Македонија останува непроменета.
„Бугарија продолжува да се придржува до рамковната позиција од 9 октомври 2019 година, Декларацијата на Парламентот од 10 октомври 2019 година а исто така и од состанокот на консултативниот Совет за национална безбедност од 10 јануари 2022 година“, соопштува бугарското МНР.
Поддршката за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан останува приоритет на бугарската надворешна политика а од клучно значење продолжува да биде критериумот на сопствените заслуги на секоја една од земјите и зачувувањето на фундаменталните вредности на Унијата какви што се човековите права и принципот на добрососедство.
Министерот за надворешни работи Теодора Генчовска ја препотврди бугарската позиција за време на својот разговор со нејзиниот германски колега во рамките на Советот „Надворешни работи“ кој што се одржа во Луксембург на 11 април 2022 година.
„Во однос на почетокот на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ од клучно значење за Бугарија е постигнувањето на неповратни резултати во одржувањето на добрососедските односи, добивање јасни гаранции во рамките на процесот на преговори со ЕУ за спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Очекуваме уставни гаранции за зачувувањето на правата на Бугарите во РС Македонија. Водечки за бугарската страна се резултатите а не преземањето обврски со одредени рокови“, велат од бугарското Министерство за надворешни работи.

