БРИТИШ АМЕРИКАН ТОБАКО РАБОТИ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ВРЗ БАЗА НА ПРОТЕИНИ ОД ТУТУН
„British American Tobacco“ (БАТ) објави дека нејзиното биотехнолошко одделение (Кентаки Био Процесинг-КБП) во Кентаки работи на развивање на потенцијална вакцина против коронавирус со употреба на протеини извлечени од лисјата тутун.
Развојот на вакцината обично трае со години, но научниците и владините претставници се надеваат дека можат да го забрзаат процесот за да спречи ширењето на вирусот. Нејзиното тестирање е во тек, а доколку резултатите се добри, компанијата верува дека може да произведе меѓу еден и три милиони вакцини неделно, почнувајќи од јуни, со помош на партнерски компании и владини агенции, пренесува CNN.
„Развојот на вакцините е предизвикувачки и комплексен бизнис, но веруваме дека направивме значаен напредок со нашата платформа за технологија на тутун“, рече Дејвид О’Рајли, директор на тимот за истражување на БАТ.
Од БАТ напоменуваат дека целиот проект за развојот на вакцини ќе биде од непрофитабилен карактер.
