РАФАЕЛ НАДАЛ НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА СИНСИНАТИ
Шпанската тениска ѕвезда Рафаел Надал изјави дека нема да учествува на претстојниот турнир во САД пред УС-Опен, Синсинати откако синоќа го освои мастерс турнирот во Торонто „Роџерс куп“. Со ова му го отвори патот на Новак Ѓоковиќ да стигне до единствениот посакуван трофеј кој му недостига.
Ѓоковиќ никогаш досега не го освоил овој турнир, сезонава прв противник му е Американецот Стив Џонсон, а откажувањето на Надал значи дека Србинот ќе ги има сите шанси овојпат да го стори тоа.
Синсинати почнува денеска, а трае до недела. Една недела подоцна пак, на крајот на месецот почнува последниот гренслем годинава, УС-Опен.


