Д-Р ТАРАВАРИ: ПОТРЕБНИ СЕ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА МАСОВНО ТЕСТИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ
„Министерството за здравство треба што побргу да ги снабдат институтите за јавно здравство со брзи тестови, и масовно да се тестираат сите што сакаат или за сите што постојат минимални сомнежи, како би откриле што поголем број на заразени, се со цел да не ни се јавуваат неочекувани компликации, и да бидеме подготвени да ги третираме сите случаеви правовремено. Здравствениот систем ни е тотално централизизиран, сите зависат од Скопје, за жал. Следните 2 недели ќе имаме огромен број на компликации, и посакувам што помалку од нив да имаат потреба за респиратори – истакнува поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар д-р Арбен Таравари. во изјава за Фокус.
