Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова и нејзиниот италијански колега Антонио Тајани разговараа за Коридорот 8
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани. Разговорот се одржа во рамките на состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел.
Двајцата разговараа за реализацијата на Коридорот 8, транспортната и енергетската поврзаност и соработката во областа на одбраната. Министерот Тајани ѝ честиташе на својата бугарска колешка за изборот на функцијата.
Меѓу темите на разговор беа и соработката меѓу двете држави во рамките на ЕУ во однос на зголемувањето на конкурентноста на европските економии, како и зачувувањето на финансирањето и улогата на Заедничката земјоделска политика и Кохезионата политика во рамките на следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година.
