Поради неодамнешните закани за бомби: Алити предлага формирање Агенција за сајбер-безбедност
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, смета дека формирањето на Агенцијата за сајбер безбедност ќе и овозможи на државата подобро да се подготви за сајбер напади, какви што се случуваат во последниот период.
Но, како што нагласи на денешната прес-конференција во Владата, формирањето на ваква Агенција е поврзано со процесот на реорганизација планиран за 2024 година. Тој најави дека за ова министерството ќе предложи проект кој има за цел да овозможи сајбер безбедност за следната година.
„Иако сè уште имаме софтвер за безбедност, сепак сакаме ова да се институционализира, односно да се стимулира Сајбер агенција само за Министерството за образование и култура и потоа кога ќе имаме успешна приказна тука, ќе ја прошириме за владата и институциите“, вели Адмирим Алити.