|

ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА „НАЈДОБАР ПОЖАРНИКАР“ ВО ДЕЛЧЕВО, ЌЕ ЈА ДОНИРА ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Миле Тодоровски, пожарникар со над 30 години работен стаж е годинешниот добитник на наградата за најдобар пожарникар во Делчево, поради што се здоби со парична награда од Општина Делчево, јавува Макпрес.

Дека пожарникарството е повеќе од хумана професија, Тодоровски тоа денес го потврди на дело, со тоа што изјави дека паричната награда ќе ја донира за борба против вирусот Ковид-19.

-Благодарност до сите колеги кои оваа година мене ме избраа за пожарникар на годината, но морам да кажам дека оваа награда ја заслужуваат сите мои колеги, бидејки нашата работа е тимска и работиме сите заедно. Благодарност до градоначалникот на општината исто така за оваа награда која ќе ја донирам во хуманитарни цели во време на оваа криза, рече Тодоровски.

Тој додаде дека делчевските пожарникари од почетокот на годината се соочени со секојдневните обврски во насока на заштита на населението од појавата на зараза од Ковид-19 и интервенциите во шумски и пожари во објекти.

„Досега имавме неколку пожари на објекти, но и шумски пожари. Исто така поради вирусот Ковид-19 констатно вршевме дезинекција на улиците и институциите, се со цел заштита на граѓаните“, додаде Тодоровски.

Слични Објави