ДИМИТРИЕВСКИ: ПРОТИВ МЕНЕ СЕ ВОДИ ИНСТИТУЦИОНАЛНА ХАЈКА

/

Kумановскиот градоначалник Максим Димитриевски ја информираше јавноста дека според вториот тест од Институтот за јавно здравје, тој е негативен на коронавирусот. Тој и натаму тврди дека постапката ќе покаже дека тој не сторил кривично дело.

„Покрај политичка, носиме и институционално-општествена одговорност кон граѓаните и јавноста кои нè избираат по предлог на партиите. Дебатата ќе ја водиме внатре во партијата. Сега е време за дејствување против епидемијата и помош на граѓаните. Постапката ќе покаже дека нема основ за кривично дело и дополнително ќе ги потврди сомнежите. Институционалната хајка која се води против мене и членовите на штабот изминатите денови за мене до овој момент е неразбирлива“, вели Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово вели дека не сака ни да помисли дека некој си поигрува со здравјето на неговите сограѓани и води политика со црни сценарија за елиминација на неистомисленици.

„Уште еднаш ја повикувам директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и министерот за здравство да го достави извештајот на увид на мене, штабот и јавноста, сепак тоа не е таен документ. Сакам да ја информирам јавноста дека штотуку го добив резултатот за вториот контролен тест, кој е негативен, направен во Институтот за јавно здравје. Од утре продолжувам посветено со моите работни обврски“, пишува Димитриевски.





Претходна статија

(ФОТО) ЗОШТО ВАДИМЕ БУГАРСКИ ПАСОШИ И НЕ КУЦАМЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ

Следна статија

ДИМИТРИЕВСКИ: МНОГУ Е ЛЕСНО ДА СЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Најново од Вести