| |

Зеленски: Самитот во Алјаска треба да отвори пат кон праведен мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е важно денешнaта средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска да отвори пат кон „праведен мир“ и суштински трилатерални преговори меѓу лидерите на Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, пренесе „Ројтерс“.

„Време е да се стави крај на војната, а неопходните чекори мора да бидат преземени од Русија. Сметаме на Америка“, напиша Зеленски на апликацијата за пораки Телеграм.

Тој додаде дека денес очекува извештај од украинското разузнавање за сегашните намери на руската страна и нејзините подготовки за средбата во Алјаска. „Навистина, влогот е висок. Клучно е оваа средба да отвори реален пат кон праведен мир и значајна дискусија во трилатерален формат – Украина, САД и руската страна. Време е да се стави крај на војната, а Русија мора да ги преземе неопходните чекори“, потенцираше Зеленски.

Украинскиот претседател повтори дека неговата земја е „подготвена, како и секогаш, да работи колку што е можно по­продуктивно“.



Слични Објави