| |

Одбележуваме 146 години од раѓањето на истакнатиот македонски Бугарин и револуционер Константин Ципушев

На 17 април 1877 г. во Радовиш е роден Константин Димитров Ципушев, познат како Коце Ципушев, егзархиски учител и истакнат револуционер на ВМОРО. Завршува Бугарска гимназија во Солун. Потоа студира хемија во Софија и го продолжува образованието на унизерзитетот во Женева. Се оженил за сестрата на Тодор Александров, при што Гоце Делчев му е кум, а Даме Груев му е крстник на децата. Во родниот крај бил учител и станал раководител на револуционерниот комитет во Кочани. Се преместува да работи во Костур, но е уапсен и два пати лежи во затвор.

Од 1912-1913 г. предавал во скопското Бугарско педагошко училиште. От 1914 г. е председател на Окружната комисија на Струмичкиот округ и го раководи револуционерниот пункт под директивите на Т. Александров. По завршувањето на Првата светска војна србските власти после измачувања во 1918 г. го осудваат на смрт, пресуда која подоцна ја заменуваат со 20 години робија. Излегува од затворот во 1937 г.

Коце Ципушев пречекан од студенти во Скопје во 1941 г.
Коце Ципушев пречекан од студенти во Скопје во 1941 г.

Се враќа во Македонија во 1941 г. и е пречекан масовно од месното население. Бил подпредседател на Радовишкото друштво на Илинденската организација и кмет на Подареш до 1944 г. Кон крајот на Втората светска војна бил принуден да се врати во Бугарија. Умира во Софија во 1968 г.

“Еднаш неколку другари го прашавме: „А бе, Гоце, зошто ние се бориме за автономија на Македонија и Одринско, кога подобро ќе биде да се бориме за ослободубањето и обединувањето со мајката татковина”? Тогаш Гоце ни одговори: „Другари, не гледате ли дека сега не сме робови на распаднатата веќе турска држава, а сме робови на европските велики сили, пред кои Турција подпиша своја полна капитулација во Берлин. Затоа треба да се бориме за автономија на Македонија и Одринско, за да ги запазиме во нивната целост, како една етапа за нивното идно присоединување кон обштата Бугарска татковина”. – Тоа беше јасната и точна проценка на Гоце за борбата на ВМРО. Покасно, големиот вожд на ВМРО, Тодор Александров, ја разбираше нашата борба по истиот начин – дека автономијата на Македонија е само етапа за присоединување кон мајката-татковина.“

Книгата на Коце Ципушев „19 години во српските затвори. Спомени“ е издадена за прв пат во 1943 година во Софија со предговор на големиот бугарски дипломат од Ресен Симеон Радев. Истата книга во превод на познатиот публицист и редовен колумнист на порталот „Трибуна“ Владимир Перев е издадена во РС Македонија во 2003 г.

19 ГОДИНИ ВО СРПСКИТЕ ЗАТВОРИ. СПОМЕНИ,



Слични Објави