|

Ердоган и Руте разговарале за војната во Украина и претстојната средба во Алјаска

По барање на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 14 август остварил телефонски разговор со него, во кој била разгледана војната меѓу Русија и Украина, јавува БГНЕС.

Двајцата размениле мислења за конфликтот, како и за регионални и глобални прашања. Ердоган го истакнал напредокот постигнат на истанбулските преговори насочени кон постигнување траен прекин на огнот меѓу Москва и Киев, потенцирајќи дека за Турција е важно овој процес да резултира и со позитивни чекори по хуманитарните прашања, објави весникот „Сабах“.

Руте ја споделил својата проценка за состојбата во Украина пред претстојната средба во Алјаска меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин. Ердоган нагласил дека Турција внимателно ја следи планираната средба.



Слични Објави