ГДУ ШТИП СО МОЌНА ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ ОД „ВЕРНИОТ ИСТОК“
„Ако ја изгубиме оваа војна, историјата ќе не запамети како единствен пример на тие што имаа најмалку да загубат, а останаа воздржани и тивки.
Господата од СДСМ, ДПМНЕ И ДУИ не се решение, тие се проблемот! ГДУ-може да биде само оружје, алатка, која ние сите заедно, граѓаните можеме да ја искористиме за да забиеме клин во срцето на злото. Да забиеме клин во овој јазол, во кој таканаречените лути политички противници се испреплетени како свински црева и само си се амнестираат и простуваат!!! Застаре делото на Бучковски, на Груевски. Бегалците од законот почнаа да работат во ресторани во Грција. Оној бројчаникот за вратените средства го заборавивме!
СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ го донесоа ВЕРНИОТ ИСТОК на работ на сиромаштијата!
Нашите мајки, сопруги и сестри, но и голем дел од мажите веќе работат во конфекционерството, подложени на апсолутна туртура! Работат прекувремено, работат саботи и недели во мизерни услови и на крајот што? Ќе добијат минимална плата од 12000 или сега 14 500 и дел од сопствениците ќе ги натераат 3000-4000 денари да им вратат на рака. И сите се правиме дека не знаеме. А што се случува со законското К-15 кое ги следува? Или ќе го земат и ќе го вратат на рака кај газдите или ќе го добиваат на 3-4 рати…
Вистината е најсилното оружје со кое можеме да го промениме нашиот живот, но и иднината на нашите деца“, стои во пораката објавена на официјалната facebook страна на ГДУ-Штип.